Connect with us

Фудбал

Роналдо на чекор до својот 700. гол во кариерата, запознајте се со неговата статистика

Португалија-Луксембург, Украина-Португалија или Јувентус-Болоња? На еден од овие натпревари може да имаме достигнување од 700 голови во кариерата. Потребни се само два гола и може да ја постигне таа цел во следниот натпревар. Тој има постигнато вкупно 698 голови во кариерата со Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и Португалија: Ова е најфантастичната статистика на CR7 од 2002 година.

Кристијано Роналдо постигна 450 од своите 698 голови за време на неговата кариера во Шпанија. 64% од неговите голови се со дресот на Реал Мадрид (тој е најдобриот стрелец на Реал на сите врмиња). Со Португалија има постигнато 93 гола, кои сочинуваат 13% од вкупниот број. Омилена жртва е Севиња, против нив постигна 27 гола, а потоа следува Атлетико Мадрид (25 гола).

На 972 одиграни натпревари вкупно, тој има постигнато голови на 21. различно натпреварување. Разбирливо е дека Ла Лига, каде играше 9 сезони, го држи првото место по бројот на постигнати голови на Роналдо. Во ЛШ е апсолутен рекордер со 127 гола.

Повеќето од головите на Роналдо се постигнати со десното стапало, 440 (63%), особено во шеснаесетникот 593 (85%). Има 55 финиши од слободни и 112 од пенал точката. Пред да стигнеме до мечот од 700 голови, важно е да се спомене дека Роналдо својот 100. гол во кариерата го постигна со Манчестер Јунајтед (против Тотенхем), додека 600. со Реал Мадрид против Јувентус.