Фудбал
Роналдо направил скандал – покрената и истрага за други играчи
Натпреварот од 3. коло на Серија А помеѓу Јувентус и Наполи, кој требаше да се игра претходниот викенд, не се одржа бидејќи играчите на Наполи не се појавија на теренот.
Домашните играчи го следеа протоколот, излегоа на теренот заедно со судиите, но немаше натпревар. Следува вистинска драма во соблекувалната на Јувентус.
Според „Газета дело Спорт“, португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо направил скандал во соблекувалната.
Роналдо се изнервира што му рекоа дека нема да може веднаш да оди на собирот на репрезентацијата.
Италијанските медиуми наведуваат дека Роналдо започнал да вика на сите, од управата на клубот, до фудбалерот затоа што мора да остане во хотелот и да чека дозвола.
Во меѓувреме, покрената е истрага против играчите на Јувентус кои го напуштиле хотелот, а дисциплинската комисија на Италијанската фудбалска федерација ќе ја донесе конечната одлука за мечот со Наполи следната недела.