Connect with us

Фудбал

Роналдо неизвесен за Ел Класико, хендикеп или отворена игра за Реал Мадрид!?

Настапот на Кристијано Роналод под знак прашалник поради отсуство од последниот тренинг. Роналдо наводно има мал, но сериозен, проблем пред дуелот со Барселона и тоа со мускулите.

Ваквата информација доби на значење затоа што в сабота е на програма најголемиот дерби натпревар во Примера дивизион, популарното “Ел Класико”.

Португалецот почна да чувствува болка веднаш откако заврши Светското клупско првенство, а од таборот на “кралскиот клуб” потврдија дека Роналдо последниот тренинг го одработил одвоено, а не со останатите тимски колеги.