Фудбал
Роналдо одбива да дојде на наградата „Златна топка“ во понеделник?
Се поголеми се шансите дека Лионел Меси ќе ја добие Златната топка, а Кристијано Роналдо не планира да се појави на свечената церемонија која е закажана за во понеделник (2 декември).
„Мундо Депортиво“ открива дека Меси ќе ја освои шестата награда „Ballon D’OR“, па останува само официјалното да биде доделено признанието во понеделник, иако Аргентинецот уште вчера беше известен дека ќе биде прогласен за најдобар во 2019 година.
Каталонските медиуми го закоитија Меси со оваа награда, иако трба да се почека од понеделник за конечната одлука.
Новинарот на „Мундо Депортива“, Франческ Агулар, исто така, објави дека е „потврдено“ дека Меси е освојувач на Златната топка, а организаторот има проблем, бидејќи Кристијано Роналдо одби да присуствува на церемонијата.
Португалецот веќе знае дека нема да биде победник на наградата, но тој е уште повеќе лут затоа што научил дека ќе биде на трето место, бидејќи Вирџил ван Дијк, кој имаше одлична сезона со Ливерпул, ќе го освои второто место.