Фудбал
Роналдо одговори на критиките на Руни
Португалската ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо даде интервју за Пирс Морган кое ги разбранува духовите.
Иако целата лента ќе се емитува во среда, дел од неа ја разнесе фудбалската јавност, особено на Островот. Меѓу темите на кои се осврна Роналдо беше и онаа на неговиот поранешен соиграч во „црвените ѓаволи“ – Вејн Руни.
„Не знам зошто Вејн Руни ме критикува толку лошо… веројатно затоа што ја заврши кариерата, а јас се уште играм на високо ниво.” Португалецот потоа се насмеа и додаде: „Нема да кажам дека Поубаво изгледам од него, што е вистина…“ му рече Роналдо на Англичанецот.