Фудбал
Роналдо, оној вистинскиот, „Феноменот“ за Барселона: Не ме почитуваа, затоа заминав
Бразилецот Роналдо во своите славни денови собори бројни рекорди во светскиот фудбал. Беше член на репрезентацијата која во 1994-та година стана првак на светот, беше најдобар играч на планетата на само 20 години, а летото 1997-ма година ја напушти Барселона.
Сезоната пред да замине брилјираше на теренот. Постигна 47 голови во дресот на каталонскиот тим, освои „триплета“.
Покрај сите успеси, на изненадување на пошироката јавност замина од Барселона и на 21 година во трансфер вреден 27 милиони долари се пресели во Интер и стана најскапо платен фудбалер во светот.
-На крајот на таа сезона потпишав нов договор со Барселона и веднаш потоа заминав на репрезентативен собир. Пет дена подоцна ме повикаа од клубот и ми кажаа дека сепак не можат да го испочитуваат договореното во новиот договор. Сакав да останам, но работите не беа во мои раце, бидејќи очигледно дека клубот не ме почитуваше и ценеше. Сакав да останам, изјави Роналдо.
Во Интер стана најдобар играч на светот, а во 2002 година се приклучи на Луис Фиго, Зинедин Зидан, Дејвид Бекам во Реал Мадрид.
Играше и за Милан.