Connect with us

Фудбал

Роналдо откри во која фаза од Лигата на шампионите сака да игра против Реал Мадрид: „Јас би потпишал веднаш за тоа“

Кристијано Роналдо премина од Реал Мадрид во Јувентус во летото 2018 година во трансфер од 100 милиони евра.

Јувентус повеќе од две децении ја чека титулата на Европскиот шампион, а периодот на чекање да се прекине доведен е Роналдо.

Во првата сезона на португалската во клубот од Торино, Бјанконерите беа запрени во четвртфиналето, а во оваа сезона ја минаа групата без проблеми и ќе имаат нова можност да го освојат посакуваниот трофеј.

Можен противник на Јувентус во осмина финалето е Реал Мадрид, кој Роналдо би сакал да го избегне во првото коло од нокаут фазата.

„Реал Мадрид во осмото финале? Тие се извонреден тим, но против нив би се соочил подоцна, можеби во финалето. Сега би потпишал за такво нешто“, рече најпопуларниот фудбалер на денешницата.

Патем, Роналдо досега постигна два гола во Лигата на шампионите. Ждрепката од осмина финалето е во понеделник на 16 декември.