Connect with us

Фудбал

Роналдо: „Подготвен сум за нов предизвик во фудбалот, сакам клуб во Шпанија или Англија“

Легендарниот „Ел феномено“ одлучи да остане во спортот, но на поинаков начин. Поранешниот фудбалер на ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид и Милан откри дека е спремен да купи клуб во Англија или Шпанија, но втората лига.

Сакам да направам нешто иновативно. Мислам дека сум подготвен и за овој предизвик, изјави 41-годишниот Бразилец.

Англиските и шпанските медиуми веќе информираат дека е голем бројот на клубови кои се сериозни со понудата на Роналдо.