Connect with us

Фудбал

Роналдо повторно ја фрли капитенската лента, навивачите на Португалија збеснаа

Ѕвездата на Португалија и светскиот фудбал, Кристијано Роналдо повторно реагираше на начин што ги вознемири навивачите на пиринејската нација. Португалија загуби од Шпанија и пропушти да игра во финалето на Лигата на нации.

Роналдо по мечот повторно ја фрли капитенската лента. Неговиот потег доведе до тоа многу навивачи на Португалија да побараат таа да биде одземена за следните неколку натпревари.

Ова не е првпат Роналдо да прави вакво нешто. Лентата ја фрли во март 2021 година во Белград, кога беше незадоволен од одлуката на судијата, кој не му даде чист гол. И тогаш имаше жестоки критики за тоа што го направи.

На Португалија и требаше бод на мечот со Шпанија, а Роналдо направи две сериозни промашувања пред противничкиот гол.