Фудбал
Роналдо, Рамос, Надал, Роберто Карлос… Сите денес се тажни поради смртта на поранешен фудбалер
Едуардо Мена, еден од најпознатите и најуспешните тренери за физичка подготовка во Шпанија, почина на 56-годишна возраст.
Едуардо и самиот бил фудбалер, а подоцна решил да планира разни подготовки или програми за спортистите, на кои им давал и совети за исхрана. Тој се покажа како многу успешен во тој бизнис, многу поуспешен отколку што беше фудбалер додека играше за некои помалку познати тимови.
Соработуваше со некои од најголемите ѕвезди и бројни спортисти, како и со пејачи, актери и други познати личности.
Меѓу неговите клиенти беа Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Роберто Карлос и многу други фудбалери, а пред смртта Мена работеше и со најдобриот тенисер досега Рафаел Надал, актуелниот рекордер со 22 освоени Грен слем титули.