Connect with us

Фудбал

Роналдо сака да се врати во Мадрид

Тензијата меѓу Кристијано Роналдо и Манчестер Јунајтед ескалира во последните денови по интервјуто што Португалецот го даде за Пирс Морган.

На Островот веќе се шпекулира со информациите што ќе направи клубот како одговор на постапките на Роналдо. Неколку медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ сакаат да го раскинат договорот со ЦР7 и да го казнат.

Во Шпанија излезе веста дека тимот на Роналдо му понудил на Реал Мадрид да го врати Португалецот со договор на шест месеци.