Тајмаут
Роналдо се збогува со Брајант: Тој беше легенда и инспирација за луѓето
Светот е во шок по тешката несреќа што се случи во Америка синоќа во наше време.
Загинаа легендарниот кошаркар Коби Брајант, како и неговата ќерка и уште седум лица кои беа во хеликоптерот.
Условите за летот, наводно, биле отежнати со оглед на густата магла, така што ова е главната причина за несреќата.
Многу познати личности се збогуваат со Брајант, а тоа го стори и најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо.
„Толку е жалосно да се слушне веста за смртта на Коби и неговата ќерка Џиана. Коби беше вистинска легенда и инспирација на толку многу луѓе. Им праќам сочувство до неговото семејство и пријателите и семејствата на сите кои ги загубија животите во несреќата. Почивај во мир, легендо“, напиша Роналдо. .