Фудбал
Роналдо со ново признание за најдобар стрелец
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и Португалија, Кристијано Роналдо реагира на добивањето на наградата за најдобар стрелец на националните тимови. 37-годишниот Португалец има постигнато 117 гола во 189 настапи за националниот тим, надминувајќи го поранешниот ирански напаѓач Али Даеи со 109 гола.
🇵🇹 @Cristiano was honoured at Portugal's annual awards on Tuesday night. #MUFC
— Manchester United (@ManUtd) September 21, 2022
„Среќен сум што ја добив наградата за најдобар стрелец на репрезентациите. Горд сум на оние со кои играв и ќе продолжам да играм“, изјави Роналдо за ESPN.
Репрезентацијата на Португалија на 24 септември ќе игра со Чешка во натпревар од 5. коло во Лигата на нации. Натпреварот ќе се одигра во Прага и е со почеток од 21:45 часот.