Connect with us

Фудбал

Роналдо уште пред скандалозното интервју го испразни шкафчето на „Олд Трафорд“

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо требаше да го напушти Манчестер Јунајтед уште пред да стане јавно познато неговото интервју со Пирс Морган, во кое ги критикуваше клубот и менаџерот, пренесува The Athletic.

Веќе на 13 ноември, Португалецот го испразни шкафчето во соблекувалната на Олд Трафорд, што е 3 дена пред емитувањето на првиот дел од интервјуто, во кое ги критикуваше сопствениците на „црвените ѓаволи“ и менаџерот Ерик Тен Хаг.

Ова интервју предизвика скандал, по што Роналдо го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и моментално е слободен играч.

Атлетик тврдат дека на почетокот на сезоната, по поразот од Брентфорд со 4:0, Ерик Тен Хаг инсистирал Роналдо да биде продаден, но неговото барање не било прифатено од раководството на клубот, кое било подготвено да го задржи Португалецот. На крајот, сепак, тоа не се случи и Роналдо сега ќе се фокусира на наоѓање нов тим откако Португалија испадна од Светското првенство во Катар.