Connect with us

Фудбал

Роналдо во Саудиска Арабија доби признание, но веднаш потоа настана хаос на социјалните мрежи, го „утепаа“ од шеги (ФОТО)

Фудбалерите на Ал Наср се пласираа во финалето на Купот на арапските клупски шампиони, откако во полуфиналето го совладаа Ал Шорту со резултат 1:0. Јунак на триумфот беше прославениот португалски ас Кристијано Роналдо, кој го постигна победничкиот гол. Апсолутно заслужено Роналдо беше прогласен за играч на натпреварот, а по мечот му беше врачен трофеј поради кој брзо стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.

Имено, трофејот што го доби Португалецот неодоливо потсетува на трофејот на Светското првенство, па не им требаше многу време на навивачите на Лионел Меси да почнат да се потсмеваат со Роналдо.