Connect with us

Фудбал

Роналдо за малку ќе го нокаутираше камерманот со топка (ВИДЕО)

Фоторепортерите или снимателите на спортските настани понекогаш можат да го извлечат „подебелиот крај“. И тоа се случи со камерманот кој се обидуваше да го сними Кристијано Роналдо како изведува слободен удар од најдобар можен агол.

На крајот, ударот на Португалецот мина покрај голот и го погоди несреќниот камерман, кој во тие моменти едвај успеа да одржи рамнотежа и да не заврши на земја.