Connect with us

Фудбал

Роналдо, замолчи! Португалецот доби жесток одговор од легендарниот Французин

Кристијано Роналдо  во јануари 2023 година потпиша две и пол годишен договор со Ал Наср, со што стана најплатениот фудбалер во светот. Со годишен приход од околу 200 милиони евра во Саудиска Арабија, во кој е вклучен и комерцијалниот дел од договорот, Роналдо постави нови стандарди во светот на фудбалот.

За време на престојот во Саудиска Арабија, Роналдо одигра 49 натпревари, постигна 42 гола и даде 13 асистенции, а во јануари кажа нешто што крена голема прашина.

-Саудиската лига не е послаба од француската Лига 1. Саудиската лига е поконкурентна од француската, тоа можам да го кажам откако поминав една година овде. Оваа лига е веќе подобра од француската, а само што почна да расте, изјави Кристијано Роналдо

Поранешниот француски фудбалер Франк Лебев не штедеше зборови на критика кога ги слушна зборовите на Португалецот.

-Ме нервира кога го слушам Роналдо како вели дека саудиската лига е подобра од француската. Што мислите, зошто го кажа тоа за француската, а не за португалската лига? Па затоа што Лионел Меси играше во Франција. Го почитувам Роналдо како играч, но замолчи! Не е фер за Лига 1.

-За мене Португалија е еден од кандидатите за титулата европски првак. Верувам дека може да го освои еврото, но само доколку Роналдо не игра. Не можете да му одземете се што Роналдо направил во фудбалот само затоа што отиде да се пензионира во саудиската лига. Му благодарам што го подигна спортот на повисоко ниво, но на сите им доаѓа крајот. Тој има право да игра во Саудиска Арабија, но не сум сигурен дали му требаат повеќе пари.

Немам проблем играчите на крајот од кариерата да одат во пониските лиги за да заработат, истото беше и со Меси. И двајцата беа фантастични, но решија повеќе да не играат на врвно ниво и тоа мора да го почитуваме. тоа. Нивното ривалство го направи спортот подобар и попривлечен. Ти благодарам Роналдо и ти благодарам Меси. Уживајте во пензионирањето, вели Лебев.