Поврзи се со нас

Кошарка

Рондо: Дисциплината е она што го разликува Леброн од другите играчи

Лос Анџелес, 14 октомври 2020 (МИА) – Плејмејкерот на Лос Анџелес лејкерс, Раџон Рондо откри што го прави посебен неговиот соиграч Леброн Џејмс.

  • Дисциплината е она што го разликува Леброн Џејмс од другите играчи. Секојдневна работа, рутина и огромно внимание што тој го посветува на своето тело. Тој го има најдобриот фитнес тренер.

Леброн совршено се подготви психички и физички. Никој не работи како што работи тој. А, неговиот коефициент на интелигенција е на сосема друго ниво, истакна Рондо во емисијата „First Take“.

Лејкерс предводени од Џејмс пред два дена станаа шампиони во НБА лигата по пауза од ед а деценија. зс/

Advertisement

Facebook

Реклама