Други спортови
Роси уште една година со Петронас Јамаха!
Деветкратниот светски првак Валентино Роси од наредната сезона ќе вози за Петронас Јамаха. Од почетокот на годината се шпекулираше дека Јамаха ќе го доведе Фабио Квартараро, па неизбежна беше разделбата со „докторот“. Тие ќе ги заменат местата во сезоната 2021 година, што беше потврдено денес.
„Долго размислував пред да ја донесам одлуката, бидејќи предизвиците се се поголеми. За да бидете во врвот на Мото ГП морате многу и напорно да работите, секој ден да тренирате и да водите спортски живот. Јас тоа се уште го сакам и сакам да возам“, изјави Роси.
BREAKING: ROSSI RACES ON! ?@ValeYellow46 joins @sepangracing as fairytale career with Yamaha continues! ?#MotoGP | ?https://t.co/qs5ZA07Ezx
— MotoGP™? (@MotoGP) September 26, 2020
41-годишникот потпиша едногодишна соработка, по која одново ќе има можност да одлучува за својата иднина. Ако резултатите се задоволувачки сигурно дека ќе продолжи да се натпреварува, иако годините си го прават своето и му носат пад во формата во изминатите неколку години.