Connect with us

Фудбал

Роуз: Во Дортмунд им завидуваме на успесите на РБ Лајпциг и Ајнтрахт

Тренерот на Борусија (Дортмунд) Марко Роуз ги пофали екипите на РБ Лајпциг и Ајнтрахт (Франкфурт) за настапот на европските турнири и призна дека им завидувал. “Двата тима работат одлично. Лајпциг игра и во финалето на Купот на Германија. Од Дортмунд со мала завист гледаме на нивниот успех. Но, тие го заслужуваат тоа бидејќи напорно работеа за тоа”, изјави Роуз.

Роуз имаше колеблива сезона со Борусија , но неговиот тим сигурно ќе заврши како вицешампион на шампионот Баерн Минхен . Сепак, тимот беше елиминиран од Купот на Германија, а потфрли и во групите од Лигата на шампионите. Роуз рече дека е „среќен бидејќи двата тима покажаа дека Бундеслигата не е лоша во споредба со другите европски првенства. За жал, не успеавме да го сториме тоа оваа година“, додаде тој. Борусија Дортмунд во сабота гостува кај Бохум и доколку победи го освои второто место во првенството.