Фудбал
Розенборг противник на Шкендија во баражот за групите во Лига Европа
Норвешката екипа Розенборг повторно ќе игра во Македонија откако успеа да се пласира во баражот за пласман во Лига Европа. Розенборг ќе биде ривалот на македонскиот првак тетовска Шкендија.
Во реваншот вечерва Розенборг постигна победа од 3:0 и со вкупни 5:0 го елиминира Корк Сити од Република Ирска.
Првиот натпревар меѓу Розенборг и Шкендија се игра во Норвешка на 23.август, а реваншот во Скопје на 30.август.