Connect with us

Други спортови

Роже Федерер ќе ја освои титулата во Лондон

Поранешниот холандски тенисер Ричард Крајчек, истакна дека Швајцарецот Роже Федерер е фаворит за освојување на титулата на завршниот мастерс турнир на осуммината најдобри тенисери што се игра во Лондон.  Поранешниот четврти тенисер во светот смета и дека Србинот Новак Ѓоковиќ не игра на нивото накое беше пред неколку години и покрај тоа што му нема рамен во второиот дел од сезоната.

  • Роже може да го добие Новак или во сала или на трева. Ќе му биде тешко, бидејќи Ѓоковиќ игра добро, но не толку добро колку што играше пред две  – три години, кога го победи Роже на САД Опен. Тогаш  Швајцарецот играше неверојатно добро, но загуби, изјави Холанѓанецот.

Крајчек  му дава предност на Швајцарецот, но се сомнева во неговиот понатамошен успех.

  • Доколку се чувствува добро Роже има одлични шанси да го освои турнирот во Лондон. На Австралија опен ќе му биде потешко, бидејќи се игра на отворено и натпреварите се во пет сета,но на овој турнир би рекол дека Федерер е фаворит. Но, мора да имаме предвид и дека тенисот е непредвидлив спорт и никогаш не може да бидете сигурни што ќе се случи на теренот, заврши Крајчек.

Федерер во 2. коло на турнирот ов Лондон го покажа своето вистинско лице и со 2:0 во сетови (6:3, 6:2) го победи Австриецот Доминик Тим. Оваа победа го одржува Федерер во игра за место во полуфиналето, но тој пат нема да е нималку лесен ако се знае дека во последното коло ќе се сретне со Кевин Андерсон, додека Кеи Нишикори за ривал ќе го има Тим, кој веќе нанижа два порази на АТП шампионатот.