Други спортови
Рубљев му зема сет и само го налути Ѓоковиќ, уште еднаш покажа каков тениски ѕвер е!
Новак Ѓоковиќ со 3-1 го совлада Рубљов и се пласираше меѓу четирите најдобри на Вимблдон каде ќе игра против Синер.
Рубљов одлично го почна натпреварот добивајќи го сетот со 6-4, но Ѓоковиќ врати на мастрален начин со 6-1 и израмни на 1-1 во сетови.
Третиот и четвртиот сет му припаднаа на Ѓоковиќ со 6-4 и 6-3 за победа од 3-1.
По мечот Ѓоковиќ изјави дека притисокот врз него е голем, сите го посакуваат неговиот “скалп”, но насмевнувајќи се рече ќе почекаат за такво нешто.