Connect with us

Други спортови

Рублев против Зверев во финалето на Мастерсот во Синсинати

Во мечот за трофејот на тенискиот Мастерс во Синсинати (САД) ќе се соочат Александар Зверев од Германија и Андреј Рублев од Русија.

Ова е епилогот по двете полуфиналиња во кои третиот носител Зверев, ноќеска беше поуспешен од вториот носител Стефанос Циципас со 2-1, додека Рублев (кој е четврти носител, го победи сонародникот и прв фаворит на турнирот Данил Медведев, исто така со 2-1.

Финалето е закажано за вечер со почеток во 22 часот и 30 минути.

Наградниот фонд на Мастерсот од серијата 1000 изнесува 4,8 милиони долари.