Connect with us

Други спортови

Руд: Новак, тешко е дури и да се опише колку си добар

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по трет пат во кариерата го освои Ролан Гарос. Во финалето го победи Норвежанецот Каспер Руд со 3:0 во сетови за рекордна 23. Грен слем титула. Со тоа Ѓоковиќ стана рекордер по бројот на грен слем титули во историјата. Пред Ролан Гарос ситуацијата на врвот беше изедначена. Ѓоковиќ и Надал имаа по 22 победи на еден од четирите најголеми турнири, додека сега сам Ѓоковиќ е на врвот. Роџер Федерер е на дваесет Грен слем круни во кариерата.

„Мислам дека морам да ја започнам мојата изјава со Новак. Собори уште еден рекорд и уште еднаш ја испиша историјата на тенисот. Тешко е да се опише колку си добар и колку си инспирација за сите ширум светот. Среќен сум затоа што можам прво да ти честитам. На тебе и на твојот тренер Иванишевиќ. Благодарам на целиот мој тим и семејството за поддршката. Среќен сум затоа што бев во финалето на Ролан Гарос и се надевам дека ќе бидам таму и следната година“,  изјави Каспер Руд по финалето.