Фудбал
Ругани се излечи од коронавирусот, но прашање е дали ќе игра за Јувентус
Даниеле Ругани беше првиот фудбалер во Серија А кој беше позитивен на тестот за коронавирус.
Во меѓувреме, Ругани се опорави од коронавирусот, но прашање е дали ќе игра повторно во дресот на Јувентус. Причината е неговото заминување од клубот од Торино.
Имено, италијанскиот стопер е единствениот од последната линија што Јувентус сака да го продаде следната сезона, а веќе има интерес за 25-годишникот фудбалер.
„Кориере ди Торино“ пишува дека поранешниот играч на Емполи го барат Наполи и Рома. Но, на клубовите од југот и центарот на Италија, исто така, се приклучи и Милан во последните денови.
Џорџо Киелини, Леонардо Бонучи, Матијс де Лигт и Мерих Демирал кој успешно се опоравува од повредата на лигаментите се во предност пред Ругани и овој дефанзивец веќе може да размисли за ново опкружување.