Фудбал
Румениге е човек без влакна на јазикот, синоќа го впери прстот кон ПСЖ
Синоќа Баерн стигна до осмата последователна, односно 30. титула во историјата на клубот, откако го победи Вердер Бремен со минимални 0:1.
Карл Хајнц Румениге исто така беше задоволен од успехот. Познат како човек без влакна на јазикот, го впери прстот кон ПСЖ по успехот.
Румениге смета дека титулата на Баерн е многу позначајна од онаа на ПСG, бидејќи ја добија на теренот, а не на зелената маса, како што беше случајот во Лига 1.
„Во есента имавме негатива од седум бода, од тогаш само победувавме и тоа го направивме на најдобар начин. Дури и фактот што станавме шампиони на празен стадион можеме да си честитаме бидејќи ја освоивме титулата на теренот, а не на црвениот тепих како што се случи во Франција“, рече Румениге.
Фудбалот во Франција не се игра повеќе од три месеци, па се поставува прашањето во каква состојба ПСЖ ќе го поздрави продолжението на Лигата на шампионите планирано за август. Од друга страна, Баерн ќе биде целосно подготвен.