Connect with us

Фудбал

Румениге го потврди заминувањето на Тијаго Алкантара во Ливерпул

Минхен, 17 септември 2020 (МИА) – Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге го потврди трансферот на играчот за врска Тијаго Алкантара во Ливерпул.

  • Баерн постигна договор со Ливерпул, Тијаго заминува, ги пренесува зборовите на Румениге новинарот на „Билд“, Хеико Ниддерер.

Според „Sky Sports“, Ливерпул ќе плати 20 милиони фунти за 29-годишниот Шпанец. Исто така, зделката подразбира можна исплата на бонус од седум милиони фунти, што ќе се изврши во случај „Мерсисајдите“ да ја освојат Премиер лигата или Лигата на шампионите. Дел од бонусите Ливерпул е должен да ги плати доколку играчот достигне одредени индивидуални статистички индикатори.

Алкантара минатата сезона забележа 40 настапи за Баерн и постигна три гола со две асистенции. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com