Фудбал
Румениге: Им љубоморевме на Шпанците за Ел Класико, но сега Дортмунд-Баерн е едно ниво над тоа дерби
Шпанското дерби со години и децении е едно од десетте најголеми дерби пресметки, повеќе од една деценија, најквалитетното дерби на светот, ама според Румениге, сега приматот го преземала германската пресметка.
„Ова полека но сигурно станува Класикер“ изјави Румениге за официјалниот сајт на Бундеслигата.
„Ние сите помалку им бевме љубоморни на Шпанците кога Реал Мадрид и Барселона играа дерби во шпанското Ел Класико, но, сметам дека сега во моментов Борусија Дортмунд – Баерн Минхен е Класикер самото по себе“ додава тој.
„Сметам дека последниот меч каде беа постигнати пет гола говори сам по себе, можеа да паднат и девет, тоа беше прекрасен меч за гледање, за момент помислив дека ги гледам Реал Мадрид и Барселона, а не беше ниту приближно во поглед на квалитетот, сега можеме слободно да кажеме дека верзијата во Бундеслигата е едноставно едно ниво повисоко во овие моменти“ заклучи Румениге.