Connect with us

Фудбал

Румениге ја открива лудата идеја на Гвардиола: Нојер да игра како играч од средниот ред

Мануел Нојер како играч од средниот ред. Тоа беше лудата идеја на Пеп Гвардиола во времето кога каталонскиот тренер го предводеше Баерн Минхен. Ова го открил Карл-Хајнц Румениге. Спортскиот директор на германскиот шампион, во официјалното списание на клубот, раскажа за анегдота од времето кога Пеп ги тренираше Баварците.

„Се уште се сеќавам како Гвардиола, откако победи во првенство, имаше идеја да го активира Нојер во барем еден натпревар, во средниот ред“.

Тоа беше идејата што ја имаше Пеп, но не успеа да го направи реалност.

„Тешко е да го убедите. Можеше да се види како чин на ароганција. Сепак, убеден сум дека Мануел би бил добро како играч од средниот ред“, додава Румениге.