Connect with us

Фудбал

Румениге му одржа лекција на Нагелсман

Легендата на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге се надева дека публиката на Алијанц Арена ќе го пречека Роберт Левандовски и нема да го исвирка за неговиот летен трансфер на претстојниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите во вторник против Барселона.

Румениге му одржа лекција и на тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, кој си зеде слобода јавно да ги критикува Каталонците. Тренерот на Баерн изјави дека не му е јасно како клуб без пари може да потроши толку многу на трансфер пазарот.

За ова прашање Румениге во интервју за „АС“ го изјави следново: „Ова го кажувам на сите општо и ова е мојот совет. Внимавајте со врвките на чевлите. Џулијан не треба да дава изјави за останатите клубови, тоа е работа на Оливер Кан и Херберт Хајнер. Откако го стори тоа, Шпанија му се одмазди и со право. Секогаш е подобро да го гледате сопствениот двор. Во Барселона тргнаа по нов пат, донесоа големи приходи преку самофинансирање и продажба на дел од клубот, а тоа го направија за да купат играчи. Барселона ни беше пример пред неколку години, имаше пад, но голем клуб во Европа секогаш ќе биде важен“, изјави Румениге, кој дефинитивно го отпиша најважниот проект на Флорентино Перез – Европската Суперлига.

„Супер лигата дојде како идеја поради приходите во Премиер лигата. Имам добри односи со Флорентино Перез и тој отсекогаш бил голем критичар на големите инвестиции во Англија од милијардери, цели земји и фондови. Главната инспирација за Супер лигата е Премиер лигата, но тоа нема да се случи. Франција, Англија и Германија нема да се вратат во Суперлигата, ви гарантирам, а без овие земји нема Суперлига. Тоа нема да се случи ниту поради реакцијата на навивачите, медиумите и клупските поддржувачи кои драстично протестираа. Сигурен сум дека нема да се пласира во Суперлигата, убеден сум во тоа“, потенцира Румениге.