Connect with us

Фудбал

Румениге: Не ја активиравме клаузулата на Кутињо

Објавено:

Иднината на Филипе Кутињо веќе е официјално објавена. Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге потврди дека тој нема да остане во тимот, откако не ја активирале опцијата за купување.

– Клаузулата е истечена и ние не ја активиравме. Ние ќе го испланираме нашиот состав за следната сезона и ќе видиме дали тој ќе игра улога во тоа или не, рече Румениге за „Шпигел“.

Бразилецот не успеа да ја покаже врвната форма прикажана во Ливерпул, откако пристигна во Барселона во 2018 година. 27-годишниот играч постигна осум гола и даде шест асистенции на 22 натпревари во Бундеслигата оваа сезона, која беше суспендирана поради коронавирусот и повторно започнаа минатата недела.

Тој им се придружи на баварските гиганти на позајмица до крајот на сезоната од актуелниот шампион во Ла Лига на почетокот на кампањата, но така и не успеа да се етаблира во Минхен. Плејмејкерот пристигна со опција да биде откупен трајно за сума од 120 милиони евра.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама