Connect with us

Фудбал

Румениге: Се радуваме на продолжението на првенството

Шампионатот во Германија, според „Билд“, ќе продолжи на 15 мај.

Ангела Меркел одобри дека по двомесечна пауза може да продолжи првенството во Бундеслигата, а најавено е дека клубовите ќе се договорат со лидерите на ДФЛ (Дојче Фусбол Лига) за точниот датум кога ќе продолжи сезоната.

Веднаш беше јасно дека лигата ќе продолжи овој месец, но точниот датум не беше објавен. Реномираниот „Билд“ синоќа извести дека ДФЛ веќе одржувала разговори со клубовите, и дека на крајот е решено Бундеслигата да продолжи на 15 мај.

Баерн Минхен е среќен поради тоа.

“Сакам да им се заблагодарам на политичарите за донесувањето на одлуката и за можноста да ја продолжат сезоната во Бундеслигата. Се радуваме на продолжението на првенството, идеално би било кон средината на мај. Оваа одлука гарантира дека се донесуваат спортски одлуки на теренот”, рече претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.