Фудбал
Руни намерно носеше копачки со метални крампонки за да повреди играч на Челзи, а сега се појави и видео од прекршокот (ВИДЕО)
Вејн Руни пред неколку дена ја шокираше фудбалската јавност кога во едно интервју откри дека намерно сакал да повреди некого на натпреварот против Челзи.
Руни најубавите денови во кариерата ги помина во дресот на Манчестер Јунајтед каде ќе остане впишан како легенда. Тој како тинејџер пристигна на „Олд Трафорд“ во летото 2004 година од Евертон за речиси 40 милиони евра.
Во дресот на „црвените ѓаволи“ играше дури 13 години, а замина во летото 2017 година кога се врати во Евертон. Руни ја заврши кариерата пред една година во Дерби, а сега даде интервју кое привлече неверојатно внимание.
Ова е особено точно кога Руни зборуваше за натпреварот против Челзи во 2006 година.
Руни ги шокираше сите со признанието дека на тој меч на Стемфорд Бриџ намерно носел метални крампонки на копачките за да повреди еден од играчите на Челзи. Иако времето беше одлично за игра, тој се одлучи за метални крампонки, а сега на сите им објасни зошто го направил тоа.
„Носев метални крампонки на тој натпревар затоа што сакав да повредам некого. На Челзи му требаше само бод за да ја освои Премиер лигата, а јас тогаш не можев да издржам. Металните крампонки тогаш беа легални и можеа да се носат, но носев многу поголеми од дозволената големина“, рече Руни.
Само седум минути му беа доволни на Руни да се обиде да го оствари својот план. Потоа жестоко го фаулираше Џон Тери, кого намерно го згазна, а дефанзивецот на Челзи остана да лежи на теренот и да бара лекарска помош.
Откако му била укажана помош, Тери видел траги од метални крампонки кои ги носел Руни, но тогаш не му било јасно што се случува. Дури пред неколку дена Руни призна што му направил на Тери, се стана јасно, а тој се огласи на Твитер каде се насмеа на оваа изјава на Руни.
„Дали ова беше кога ми оставивте траги од металните крампонки на ногата“, напиша Тери, а набрзо се појави и видео од овој прекршок за кој Руни зборуваше.