Фудбал
Руни одби да се врати во Манчестер Јунајтед
Легендарниот поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни ја отфрли можноста да се врати на Олд Трафорд ова лето. Според Атлетик, менаџерот на Дарби Каунти добил понуда да му се приклучи на тренерскиот штаб на Ерик тен Хаг во текот на летото, но тој одбил со образложение дека сака да работи само како менаџер.
Вчера Манчестер Јунајтед објави дека Тен Хејг потпишал тригодишен договор со опција за дополнителни 12 месеци. Тој со себе на „Олд Трафорд“ ќе го земе својот сегашен помошник во Ајакс Мичел ван дер Хаг. Поранешниот селектор на Англија, Стив Мекларен ќе се приклучи на штабот на Холанѓанецот.
Претходно во сезоната, Руни одби да се врати во Евертон како менаџер бидејќи сакаше да остане верен на Дарби Каунти поради тешкотиите на клубот.