Connect with us

Фудбал

Русија и Бразил закажаа меѓусебен контролен дуел

Русија ќе го пречека Бразил во пријателски натпревар на стадионот „Лужники“ каде ќе се одигра финалето од Светското фудбалско првенство 2018.

Фудбалскиот сојуз на Бразил соопшти дека натпреварот со Русија во Москва е закажан за 23 март и ќе биде во насока на подготовка на двете селекции за претстојниот Мундијал.

Четири дена подоцна Бразил ќе игра со Германија исто така контролен дуел.