Connect with us

Други спортови

Русинка се пласираше во финале на Австралија Опен, нејзино прво во кариерата (ВИДЕО)

Тенисерката од Белорусија, Арина Сабаленка попладнево ја победи Магда Линет од Полска со 7:6 и 6:2 во второто полуфинале на женскиот дел од Австралија опен.

За Сабаленка саботното финале на Австралија Опен ќе биде прво на еден Грен слем турнир. Воедно, финалето во Мелбурн ќе биде 20-то нејзино финале на турнири под покровителство на ВТА. Досега Сабаленка има 11 трофеи на ВТА турнирите во поединечна конкуренција. По настапот во Мелбурн таа ќе се врати во втората позиција на светската ранг-листа. За титулата Сабаленка в сабот од 9:30 часот ќе игра против Елена Рибакина од Казахстан.