Други спортови
Русинот Медведев го освои Мастерсот во Мајами
Рускиот тенисер и поранешен прв светски рекет Данил Медведев синоќа го победи Јаник Синер во финалето на турнирот во Мајами со 2:0, по сетови 7:5 и 6:3. За Русинот ова беше шеста победа над Италијанецот во исто толку натпревари.
Медведев ја освои 19-та титула во кариерата и четвртата – оваа сезона. Тој освои Мастерс по петти пат. Воедно, Русинот победи на 24 од последните 25 натпревари. Според резултатите на турнирот во Мајами, Медведев од денес е четвртиот рекет на светот.