Connect with us

Други спортови

Русите играат на Австралија Опен, ама нивното знаме не смее да биде прикажано (ФОТО)

Светската тениска организација одлучи да им дозволи на руските тенисери и тенисерки да настапат на Австралија Опен, кој што е во тек. Сепак, како никогаш досега,  одлучено е руското знаме да не биде прикажано во телевизиските преноси. Па, така на пример на дуелот помеѓу грчката тенисерка Сакари и руската Шнаидер, имаше грчко знаме, но не и руско. Таков е случајот и со сите мечеви кои се играат на Австралија Опен. Се разбира одлуката е позната, тоа е руската инвазија врз Украина.