Други спортови
Руската репрезентација и сите нејзини клубови остранети и од видео игрите
Компанијата Electronic Arts ја исфрли руската фудбалска репрезентација и сите клубови од популарната видео игра FIFA 22, во време кога се повеќе компании се дистанцираат од Русија после инвазијата врз Украина. Русите ќе бидат исфрлени од играта NHL 22, базирана на американско-канадската хокејска лига. Пред неколку дена светската фудбалска репрезентација ја исфрли руската репрезентација и клубовите од сите меѓународни натпреварувања, додека NHL соопшти дека Русија нема да се разгледува како локација за било какво натпреварување поврзано со NHL. Од Apple до Nike, многу светски брендови и компании ги пресече врските со Русија после воведувањето на меѓународните санкции.