Connect with us

Други спортови

Руски биатлонци под истрага за допинг

Руски биатлонци се под истрага во Австрија поради сомневање за користење допинг за време на Светското првенство во февруари  2017 година кое се одржа во Хочфизен, објавија од австриското обвинителство.

Десет членови од рускиот тим – пет спортисти и пет тренери, се под истрага која е покрената за „тешка измама поврзана со допинг“ и „користење на забранети супстанци и методи поврзани со допинг“, се наведува во соопштението.

Руската биатлонска екипа моментно се наоѓа во Хочфизен, каде изминатите неколку дена се одржуваше Светскиот куп.