Други спортови
Руски ММА борец бил повикан во војска, па ја напуштил земјата
Рускиот ММА борец Мариф Пираев бил регрутиран во војска, но решил да побегне од земјата. Русија започна воена инвазија на Украина на 24 февруари.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела најави општа воена мобилизација и откри дека 300.000 Руси ќе бидат мобилизирани да одат на фронтот.
Повикот за воена мобилизација не помина кај спортистите, а меѓу нив беше и Пираев, кој пред неколку дена требаше да се појави на комисијата за регрутирање нови војници. Но, ММА борецот побегнал од Русија, открива неговиот пријател Шамил Гамилов.
Доби повик за мобилизација, тоа го шокираше и реши да ја напушти Русија“, откри Гамилов.
Според медиумите, Пираев побегнал преку руско-грузиската граница.