Connect with us

Фудбал

Руски рулет на Олимпико: Што ќе направи Инзаги?

Симоне Инзаги се обидува да ги смири навивачите на Лацио кои мислат дека Стефан Де Вриј не треба да игра против Интер во 38-тото коло.

Лацио го чека дуелот со Кротоне, викендов и следната недела ќе го одигра против Интер веројатно одлучувачкиот натпревар во битката за пласман во групната фазата од Лигата на шампионите.

И точно пред важните натпревари во финишот на сезоната стигна веста дека Интер го договори трансферот на Де Вриј, кој ги загрижи навивачите на римскиот клуб.

„Јас не сум загрижен за Де Вриј, знам каков човек и професионалец. Сигурен сум дека ќе го цени дресот на Лацио од почит кон навивачите, клубот и соиграчите“, изјави тренерот на „небесно сините“ Симеоне Инзаги, но додаде:

„Тој помина три среќни години во Рим. Мислам дека е јасно каква е ситуацијата, но тој нема да го предаде Лацио и јас му верувам“.

Прашањето е сега дали Де Вриј ќе стори сé за да го однесе Лацио во Лигата на шампионите, оставајќи го без истото свој иден клуб. Навистина невообичаена ситуација…