Фудбал
Руски тим сакал да го ангажира, Манџукиќ го шокирал со платата која ја бара
Екс напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ ја заврши авантурата во Катар. Искусниот напаѓач сака да се врати во Европа, а има неколку интересни понуди. За овој 34-годишен напаѓач има интерес од Бешикташ и Галатасарак, како и Беневенто, повратникот во Серие А, чиј тренер е Филипо Инзаги.
Во трката се вклучил и Локомотив од Москва. Рускиот клуб веќе го контактирал Манџукиќ, нудејќи му двегодишен договор. Но, неговиот одговор ги оставил без текст челните луѓе на рускиот тим.
Челниците на Локомотив се шокирале кога Манџукиќ побарал 8 милиони евра за двегодишен договор, особено поради фактот дека седум месеци напаѓачот не одиграл посериозен меч.