Connect with us

Други спортови

Рускиот тенисер го победи Американецот, па потоа предизвика скандал испраќајќи политичка порака (ВИДЕО)

Рускиот тенисер Карен Хачанов по триумфот во четвртфиналето на Австралија опен, напиша порака пред камера која предизвика невидена бура во јавноста.

Хачанов се пласираше во полуфиналето на Австралија опен, откако Американецот Себастијан Корда реши да го откаже мечот поради повреда на зглобот на десната рака со резултат 7:6, 6:3, 3:0 во корист на рускиот тенисер.

По натпреварот, Хачанов на ТВ камера напиша: „Останете силен Арчахе! Верувајте до крај!

Така, тој испрати порака за поддршка на регионот Нагорно Карабах, за кој Азербејџан и Ерменија се расправаат со години.