Connect with us

Фудбал

Руско „дерби“ за македонски репрезентативец

Спартак и ЦСКА Москва се во трка за македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Како што пишуваат хрватските медиуми, неговата моментална цена која ја поставил Динамо Загреб изнесува 5 милиони евра, што секако не некаков проблем за овие два руски тим.

Адеми има договор со Динамо до 2023 година.

Играчот за врска во Динамо Загреб е од 2010-та година, ја има и капитенската лента, има 28 години, а за селекцијата на Македонија забележал 14 настапи и постигнал три голови.