Connect with us

Фудбал

Ристовски ја носеше капитенската лента па распука. Доаѓаме да „изгинеме“ во националниот дрес, а не пречекуваат со ваков терен

Македонија со два гола од два досудени пенали ја совлада Ерменија со 2:1 на стартот од новиот циклус во Лигата на нации. И противникот голот го постигна од пенал.

На крајот се бројат бодовите, но играта не беше на ниво, бидејќи Ерменија и тоа како на неколку наврати се покажа како поопасна. Сите им честитаа на фудбалерите за победата, но дел од нив имаа замерки за лошиот терен. Прв се огласи Стефан Ристовски кој наместо Пандев ја носеше капитенската лента, а потоа и Несторовски.

Стефан Ристовски кој против Ерменија ја носеше и капитенската лента бидејќи Пандев не беше во првиот тим, во победата најде замерки, но не за неговите колеги туку за теренот на Националната Арена „Тодор Проески“.

Можеби од страна и не изгледаше фудбалски добро, но на ваков терен подобро и не е возможно. Ако треба да играме на ваков терен, тогаш нека ни кажат и да одиме да играме на друг стадион. Ова е срамота. Зборуваме за Македонија која сакаме да игра на Европско првенство. Со недели сме затворени во карантини за да дојдеме и да „изгинеме“ во националниот дрес, а не пречекуваат со ваков терен, вели Ристовски.

loading...

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com