Фудбал
Сабатини: Ибрахимовиќ нема да дојде во Болоња, тој избра друг клуб
Директорот на Болоња, Валтер Сабатини, призна дека Златан Ибрахимовиќ нема да дојде во неговиот клуб.
Болоња се бореше со Милан да за потписот на Ибрахимовиќ, кого го сака и Наполи, но сега е барем јасно дека еден клуб е надвор од игра, тимот предводен од Синиша Михајловиќ.
„Ибрахимовиќ нема да дојде во Болоња. Тој се одлучи за друг клуб, и сега останува да ја донесе конечната одлука“, рече Сабатини.
Некако, 38-годишниот шведски напаѓач е најблизок до Милан во овој момент, каде што веќе играше две сезони.
Во Милано, се надеваат дека Ибра на крајот ќе ја прифати нивната понуда иако не е соодветна, но веруваат во емотивната врска што Златан ја има со „Росонерите“.
Се шпекулира дека во наредните денови, Милан би можел да ги почести фановите за својот 120 роденден со потпишувањето на Ибрахимовиќ.