Connect with us

Фудбал

Садио Мане: Не се чувствувам како шампион

Денеска се појавија информациите дека крајот на сезоната може да се објави во Премиер лигата, заради состојбата на коронавирусот.

Изгледа титулата ќе ја добие екипата на Ливерпул, но има многу клубови против таа одлука.

Сепак, некои играчи на Ливерпул исто така се надеваат дека сезоната ќе продолжи и ќе ја потврдат титулата на преостанатите неколку натпревари.

„Не се чувствувам како шампион. Ја сакам мојата работа и мојот фудбал и сакам да станам шампион на теренот. Сакам да победам и да стигнам до трофејот. Сепак, што и да се случи, ќе имам разбирање затоа што ситуацијата е таква како што е. Тешка е за Ливерпул, но е многу потешко за луѓето ширум светот“, рече Мане, додавајќи:

„Луѓето ги губат членовите на семејството и ситуацијата е доста сложена. Мојот сон е да ја освојам титулата во Премиер лигата оваа сезона, но ако тоа не се случи, јас ќе го прифатам тоа. Затоа ќе ја освоиме следната година“, заврши Мане.