Connect with us

Фудбал

Садио Мане седна пред новинарите и практично ја откри својата иднина

Ливерпул за време на летната пауза ќе остане без еден од симболите на нивната ренесанса.

Во последните шест години Ливерпул е меѓу најдобрите тимови во светот, а голема заслуга за тоа има и 40 милиони платениот Садио Мане.

Мане пристигна на Анифелд Роуд од Саутемптон и изгради репутација на еден од најдобрите играчи во светот со одлични игри.

Ова лето е време за збогување. „Црвените“ не сакаат да му платат на Мане колку што бара (се споменува плата од 400.000 неделно) и Сенегалецот реши да го крене сидрото.

Мане на собирот на сенегалската репрезентација практично потврди дека заминува од Ливерпул, велејќи дека ќе го слушне мислењето на својот народ.

„Како и сите, јас сум на социјалните мрежи и ги следам коментарите. Некаде помеѓу 60% и 70% од Сенегалците сакаат да го напуштам Ливерпул. Ќе правам што сакаат“, изјави Мане.

Минатонеделните извештаи велат дека одличниот офанзивец досега веќе се збогувал со соиграчите, а тоа го направи по финалето на Лигата на шампионите и поразот од Реал.